Одредени двојките од првото коло од Купот на Македонија

По извлекувањето на двојките за првото коло од новото првенство, беше извршено и извлекувањето на паровите за првото коло од Купот на Македонија. Освојувачот на Купот Вардар во првата рунда е слободен.
Куп на Македонија,прво коло:
Башкими Јаболчиште – Детонит Плачковица
Шкендија Арачиново – Саса
Беласица – Арсими
Јенимаале – Шкендија
Карбинци – Работнички
Евротип – Силекс
Победа Валандово – Брегалница
Тетекс – Пелистер
ГФК Охрид – Брера
Љуботен – Македонија ЃП
Скопје – Тиквеш
Кожуф – Шкупи
Победа – Башкими
Екипата на Пчиња е слободна бидејќи Беса се откажа од сите натпреварувања.
Термини за одигрување на натпреварите се 26 и 27.август.