Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата


Сите натпревари закажани за денеска на терените ширум Италија се одложени поради смртта на папата Франциск, кој почина утрово.

Серија А денеска на програмата имаше четири натпревари во различни термини. Денот требаше да го отвори Торино со нашиот на Елиф Елмас дома против Удинезе од 12:30 часот.

Потоа Фиорентина требаше да гостува кај Каљари, Лацио кај Џеноа и Јувентус кај Парма.

Со ваквиот развој на настапите лига Калчо сега ќе треба да одреди нови термини за овие натпревари од 33. коло.

Одложено е целото 34. коло во Серија Би, каде требаше да се одиграат 10 натпревари.

Одложени се и натпреварите од пониските лиги, буквално сите спортски натпревари, не само фудбалски.