Одложена претставата на Кумановскиот театар на Фестивалот „Војдан Чернодрински“

Според последната информација од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп по 55-ти пат, одложена е претставата на кумановскиот театар поради болест на актер од претставата.
Претставата на кумановскиот театар „Вообразен болен“ според Молиер, во режија на Драгана Гунин требаше да се игра од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Останува публиката да ја гледа претставата на Драмски театар од Скопје која ќе се одигра од 21 часот во прилепскиот народен театар.
Претставата „Вообразен болен“ беше во официјалната програма на Фестивалот на кој досега се одиграни три претстави: „Мој термин на МНТ, „Вечера за глупаци“ на театар Комедија и „Глембаеви“ на прилепскиот театар.
Засега не се најавуваат други репертоарски промени на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински кој се одржува од 1 до 8 октомври.