Одложена посетата на Костадиновска – Стојчевска на Турскиот театар поради пожарот во Универзална сала
Министерството за култура соопшти дека се одложува настанот на ресорната министерка Бисера Костадиновска – Стојчевска која требаше денеска да направи увид во градежните работи на објектот на Турскиот театар во Скопје. Причината за одложување е избувнување на пожар во Универзалната сала.
Од Министерството за култура се извинуваат за одложувањето.
Претпладнево избувна пожар во Универзалната сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција. Од Центарот за управување со кризи информираат дека гори една од куполите на објектот, пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.