Одложен концертот на „ Џипси кингс“ во Скопје


Авалон продукција ги одложува сите концерти и настани оваа недела поради големата трагедија во Кочани. 
„Сакаме да изразиме длабоко сочувство до сите оние кои ги изгубија нивните најмили во страшната трагедија во Кочани.
Како што може да претпоставите, сите настани следните 7 дена во наша организација, како оној во понеделник во Македонска филхармонија, среда во Центар за култура – Битола и сабота во СЦ Јане Сандански во моментов се одложуваат.
Ве молиме за трпение во неделата која следува како знак на сочувство и солидарност.
Повеќе информации за овие настани ќе бидат објавени идниот понеделник, по завршувањето на деновите на жалост“, се вели во соопштението на ФБ до јавноста.