Одлична вест за туристите: Три дена бесплатна патарина низ Грција


Возачите од Македонија кои викендов ќе се упатат кон Грција ќе бидат пријатно изненадени од фактот што поради парламентарните избори во земјата, патарината ќе биде бесплатна.

Во следните три дена на 24, 25 и 26 јуни нема да се плаќаат патарини додека се вози низ Грција. Оваа одлука се однесува на автомобили и мотори, а бидејќи се очекува смена на туристите покрај изборите за викендот, оваа погодност ќе го намали метежот на патот кон морето.

Причината за метежот на патиштата за време на изборите лежи во тоа што Грците гласаат во своите родни места. Колку метеж се прави по тој повод најдобро сведочат сликите и видеата од грчките патишта, направени околу 25 мај годинава.