Одличен прием на „Ругање со Христос“ во Франција


Македонскиот игран филм „Ругање со Христос“ од Јани Бојаџи беше прикажан на 15. Фестивал на филмови од Источна Европа што се одржува во францускиот град Руан.

– Во преполнетата сала на киното Кинеполис, филмот наиде на прекрасен прием и француската публика го награди со долготреан аплауз. Режисерот Бојаџи одговараше на голем број прашања врзани за темата на филмот и сликата на историските и судбинските турбуленции на Балканот во минатото и денес, соопшти ЕСРА.

Филмот на Бојаџи минатата година освои две престижни награди: за иновација на Интернационалниот фестивал во Монтреал и за најдобро сценарио на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз.