Одбиле евакуација, па загинале во бурата во Бангладеш


Бројот загинати во циклонот Булбул во бангладеш се искачи на 12, а петмина рибари сѐ уште се водат како исчезнати, соопштија денеска надлежните.
Повеќето жртви одбиле евакуација и настрадале кога врз нив паднале дрвја кои ги соборил силен ветар.
Еден рибар се удави, а петмина исчезнаа откако нивните чамци во неделата биле превртени од силен ветар и водена струја, пренесе „Ројтерс“.
Властите наведуваат дека спасени се 30 рибари кои исто така се воделе како исчезнати.
Околу 6.000 домови се делумно или потполно оштетени, но не е пријавена поголема штета во камповите на југоистокот на Бангладеш, каде живеат стотици илјади бегалци од соседниот Мјанмар.
Како што се наведува, денеска брод ќе отплови до островот Сан Мартин, каде останаа 1.200 главно локални туристи кои не стигнале да се евакуираат.