Одбележување на месецот за борба против рак на дојка


Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден“ со виртуелна национална прес-конференција на тема „Справувањето со предизвиците во борбата со ракот на дојка“ денеска во Скопје ќе го одбележи Светскиот месец за борба против ракот на дојка.

На онлајн конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче, Драгана Могилевска – Груевска, Весна Рамљак, Нино Васев, Мери Пешевска и претседателката на здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден“ Биба Додева.

Месецот за борба против рак на дојка ќе се одбалежи и во просториите на Рамстор Мол – Скопје каде ќе се обратат сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, генералната директорка на Рамстор Македонија, Даниела Адемоска и Биба Додева.