Од ЗХГ предупредуваат: Ќе се исечат 17 дрвја за нов станбен објект во Кисела Вода
Во Скопје продолжува бетонизацијата и сечата на дрјва, предупредуваат денеска од Зелен хуман град.
Овојпат, се работи за Кисела Вода, односно локција, покрај булеварот „БОрис Трајковски“, во населбата 11. Октомври.
– Новите згради кои се планира да никнат до ул. „Борис Трајковски“ во населба 11. Октомври значат смрт за 17 големи дрвја и приближно уште толку дрвја кои се помлади. Зелен Хуман Град на терен констатираше дека се поставени табли за градежниот проект, донесена е механизација и следно ќе биде извршувањето на пресудата против овие дрвја кои стојат на патот на профитот. Според изјавите на градежните работници, тие воопшто не ни знаат дали дрвјата ќе се сечат. Меѓутоа, на самата табла, тоа е повеќе од очигледно – планираат да исечат сѐ. Визуелизацијата на таблата открива оскуден, тенок појас трева и мали зимзелени дрвца, за разлика од сегашното бујно зеленило кое се гледа на фотографиите.
Во мирното маало кај последна 4-ка, старите згради стојат спремни за рушење. Логично, ќе си помислите. Зад нив стојат големите, здрави дрвја, кои до неодамна беа дел од удобни, затскриени задни дворчиња во дебела сенка. Тие дрвја, според општината и документацијата, треба да бидат убиени, за врз нив да се гради нешто што веќе го има премногу, и во Кисела Вода, и во цело Скопје. Непосредно зад нив веќе има нова зграда, која сѐ уште не е ни довршена. Околу неа има само бекатон. Ни трага, ни глас од некогашното игралиште, лулашките, малите дрвја. Половина парк го нема, другата половина се гуши во градежен шут и друг отпад. Профитот упорно турка напред – велат од Зелен хуман град.
Тие испратиле барање за информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода во кое бараат увид во одобренијата за градба, како и увид во решенијата за одобрување на сечење и кроење урбано зеленило. Очекувата одговор од надлежната општина.
Според информативната табла, се гледа дека тука ќе се гради станбено-деловен објект од приземје, шест ката и поткровје, со три ламели. Инвеститор и изведувач е „Дабар“ ДООЕЛ, а дозволата е од септември годинава.