Од вкупно испуштените води во 2022 година, пречистени се само 15,5 отсто
Вкупното количество зафатенa вода од индустриските претпријатија во 2022 година изнесуваше 4,303 милиони м3, со најголемо учество на секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (98,7 %), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 49,9 %.
Вкупното количество користена вода во 2022 година изнесуваше 2 177 милиони м3. Споредено со 2021 година, вкупното количество користена вода во 2022 година бележи зголемување од 36,8 %.
Од вкупно испуштените води во 2022 година, пречистени се 15,5 %.