Од утринава повторно протести во Ереван, опозицијата бара оставка од Пашинијан


Утринава околу 8 часот по локално време на улиците на Ереван повторно излегоа колони опозициските активисти, упатувајќи се кон зградите на парламентот и претседателската канцеларија, јавуваат руските  медиуми.

Опозициската колона е придружена од автомобили со музика од разглас, но и од полицијата која обезбедува коридор за демонстрантите.

Демонстрантите повторно бараат оставка од ерменскиот премиер Никола Пашинијан.

На траектоиријата на движење на поворката насекаде има специјалци со штитови и шлемови, но не преземаат никакви мерки.