Од утре терминалите на аеродромот во Софија отворени и за оние кои ги пречекуваат и испраќаат патниците
Бугарија – Ограничувањата за пристап до двата терминали на луѓе кои не се патници или вработени ќе бидат укинати на 28 март 2022 година, соопшти аеродромот во Софија.
Ограничувањата беа дел од антиепидемиските мерки и бараа оние кои ги испражаат патниците да се разделат со нив на влезот на Поаѓање, а оние кои пречекуваат да чекаат на ограничено место или надвор од терминалите, што создаваше непријатности.
Барањата за носење маска, растојание меѓу луѓето, како и почитување на сите антиепидемиски мерки опишани во наредбите на министерството за здравство остануваат во сила до нивното укинување.
Аеродромот ги советува патниците да продолжат да ги следат антиепидемиските барања на земјата до и од која летаат, а доколку е потребно можат да ги користат услугите на двете лаборатории лоцирани на аеродромот, кои нудат и тестови за коронавирус.