Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница
Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница, на гинеколошко – акупшерското одделение, со доктори од ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, информираа денеска од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.
– Со цел проширување на услугите што ги пружаат нашите лекари на Гинеколошко акушерско одделение, ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци известува дека почнувајќи од утре, во нашата здравствена установа ќе има можност да се користат услугите на лекар специјалист гинеколог – акушер, од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје, соопштија од Болницата.
Оттаму подвлекоа дека со оваа достапна оперативна услуга, пациентите веќе нема да мораат да патуваат и ваквите услуги да ги бараат во останатите клиники надвор од Кавадарци.
– ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност на чело со директорката и менаџерскиот тим, ќе работи и понатаму за воведување на нови процедури и дијагностики со една единствена цел, навремено дијагностицирање и третирање на пациентите.
Затоа што задоволни и здрави пациенти се нашата мисија, рекоа од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.