Од утре и автобусите на „Слобода превоз“ нема да возат


Фото: Б. Грданоски

Скопјани утре треба да се снајдат како ќе стигнат на работа, затоа што  проватниот превозник „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици.

Причина за овој штрајк е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ .

Откако не се договорија, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

 

Градот Скопје го раскина договорот со приватните превозници поради нехигиенски  и неипсравни автобуси.

Инаку, пред еден месец за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплатени плати. Веднаш потоа приватните превозници на „Макекспрес“, исто такa поради долг кој не можеа да го наплатат од ЈСП, односно Град Скопје, прекинаа да ги превезуваат патниците на нивните линии, а тоа предизвика протест на ученици од скопски Сарај  кои ги користат линиите 56 и 56А, кои имаа проблеми да одат на училиште.