Од Скопје до Венеција: Се фалат со брутализмот, а го покрија со гипс и кич

Брутализмот – архитектонскиот идентитет што дома се распаѓа, а го славиме на Биенале


Додека македонскиот павилјон на Венециското биенале се најде меѓу десетте највпечатливи според реномираниот портал Artribune, дома сè уште немаме системска грижа за архитектонското наследство кое го стави Скопје на културната мапа на Европа. Парадоксот е уште поголем кога се земе предвид обидот на Министерството за култура и туризам да го претстави овој успех како резултат на „владините заложби“.

„Скопје преку брутализмот можеше да донесе сосема нова димензија и култура“, рече министерот Љутков во неговото гостување на Телма, пред патувањето на Биеналето во Венеција, бидејќи, како што рече, се работи за културна престолнина во која што навистина има што да се види. За тоа што дел од бруталистичките градби беа прикриени со проектот „Скопје 2014“, Љутков рече дека не го оправдува, но „нештата може да се сменат и вратат на првобитниот изглед, бидејќи се само прикриени, но не и уништени како олеснителна околност“.

Со бруталистичката архитектура на Скопје на Биеналето во Венеција 

 

Но вистината е поинаква.