Од Ријана до Глорија Естефан: Најбогатите жени во шоубизнисот


САД- Жените владеат со светот – вклучувајќи ја и музичката индустрија. Покрај тоа што имаат моќни гласови, многу од најталентираните дами во музиката пишуваат свои песни, служат како професионални танчерки, се остварени актерки, па дури и имаат свои бизниси.

Напорната работа и сериозниот талент им овозможија на овие дами да станат славни и неверојатно богати. Дури и во доменот на најпросперитетните женски уметници, некои се издвојуваат од толпата.

GOBankingRateas ги анализираше податоците од Celebrity Net Worth за да ги пронајде петте најбогати жени во музиката, во однос на вкупната нето вредност.

  1. Ријана

Нето вредност: 1,7 милијарди долари

Деветкратната добитничка на Греми, Ријана има 31 топ 10 хитови. Исто така, масивно успешен претприемач, таа е на чело на Фенти Бјути – Форбс проценува дека нејзиниот удел вреди 375 милиони американски долари – и компанијата за долна облека Savage x Fenty, која е проценета на 1 милијарда долари.

  1. Мадона

Нето вредност: 850 милиони долари

Една од најголемите и најхрабрите поп sвезди на сите времиња, Мадона има продадено 63 милиони плочи во текот на својата кариера, според РИАА. Седумкратната добитничка на Греми постигна неверојатни 38 топ 10 хитови.

  1. Селин Дион

Нето вредност: 800 милиони долари

Во текот на нејзината кариера, петкратната добитничка на Греми, Селин Дион, продаде 50 милиони плочи, според РИАА. Неодамна, нејзината турнеја во 2019 година вклучуваше 62 градови, што заработи вкупно 69,1 милиони долари, според Билборд.

  1. Доли Партон

Нето вредност: 600 милиони долари

 

Иконата на кантри музика Доли Партон е деветкратна  добитничка на Греми, со огромна колекција хитови. Таа е толку сакана од фановите што има дури и свој тематски парк – „Доливуд“ – во Pigeon Forge, Тенеси.

  1. Бијонсе

Нето вредност: 500 милиони долари

 

Таа го започна својот успех како членка на Дестинис Чајлд, а Бијонсе стана масовно успешна соло уметница со подоцнежните хитови. Заедно со сопругот Џеј Зи, турнејата на 24-кратната добитничка на Греми во 2018 годинаи донесе заработка од 253,5 милиони долари, што ја прави трета турнеја со најголема заработка во годината, според Билборд.

  1. Глорија Естефан

Нето вредност: 500 милиони долари

 

Кубанско-американската пејачка Глорија Естефан е трикратна добитничка на Греми. Исто така позната во угостителската индустрија, таа и нејзиниот сопруг поседуваат неколку ресторани и одморалиште на Флорида.