Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h


 Во попладневните и вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХМР.

Од утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југозападен ветер.

Времето утре: Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
 
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.