Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.
Првиот од двата натпревари за трофејот во третото по ранг европско ракометно клупско натпреварување ќе се игра во Атина в недела, додека реваншот во Скопје е на програмата на 25 мај.
Алкалоид ќе го пречека грчкиот тим во салата „Борис Трајковски“, а дуелот е со почеток во 20:30 часот.
Цената на билетите ќе изнесува 200 и 300 денари, а продажбата ќе се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, соопшти Алкалоид.