Од полноќ значително поевтини горива

Сите горива од вечерва на полноќ поевтинуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР 95 од утре поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ исто така поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 79,5 денари по литар.
За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОДИЗЕЛ, и од утре ќе се продава по цена од 72 денари по литар.
Поевтинува и екстралесното масло за домаќинство, за 1,5 денари и од утре ќе се продава за 71,5 денари. Цената на мазутот за немалува за 1,2 денари, и од утре ќе изнесува 45 денари по килограм.