Од почетокот на 2021 година издадени 68 одобренија за градба во Центар


Фото: Б. Богдановска

Од почетокто на 2021 година, во Општина Центар издадени се вкупно 68 одобренија за градење, а од  доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, односно од ноември лани, до денеска,  издадени се 35 правосилни одобренија за градење.

Како одговорна, транспарентна и отчетна општина, Центар од оваа година започнува нова активност, односно објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење.

 Се работи за управни постапки кои ја имаат поминато целата процедура за издавање правосилно одобрение за градење и до општината ја имаат доставено целосната потребна документација.

Оваа нова востановена практика на Општина Центар е позитивен пример и за останатите општини, не само во Скопје, туку и во целата држава, за тоа како да се подигне нивото на транспарентност во самите институции, сметаат од општината.

Издадени правосилни одобренија за градење со барања поднесени од 1.1.2021