Од пластичниот отпад може да се направат милијарда куќи

 

Компаниите „Џеј-ди-ес“ и „Отало“ патентираа технологија која овозможува производство на градежни материјали од 100 отсто рециклирана пластика.

Склопија партнерство и со ОН Хабитат, а почетниот хокус е на изградбата на пристапно домување, посбено во Супсахарска Африка.

Од друга страна, од 1950 година произведени се повеќе од девет милијарди тони пластика ширум светот, од што само девет отсто се рециклира.

Куќата од 60 метри квадратни на „Отало“ рециклира осум тони пластичен отпад, што значи дека со денешниот платичен отпад можат да се изградат повече од милијарда куќи.

Во наредните година и половина „Отало“ ќе ја развие својата прва серија градежни елементи за евтини станбени единици. Комапнијата очекува дека ќе биде подготвена за покренување масовно производство кон почетокот на 2022 година.

ИНаку, статистичките податоци покажуваат дека речиси милијарда луѓе во моментот живеат во сиромашни квартови, како и дека само во Супсахарска Африка потребо е да се изградат околу 160 милиони единици евтин стабен простор. Исто така, се очекува дека тој број ќе се зголеми на 360 милиони до 2050 година како резултат на забрзаната урбанизација.

Со оглед дека традиционалните методи на градба не можат да поднесат таков товар затоа што не се ни ефикасни ни економични, ниту доволно одржливи, “upcycling” технологијата која овозможува повторна употреба на отпадот и масовно производство, е од суштинско значење за решавање на проблемот со домување.

Компанијата се надева дека ќе ја прошири својата линија на производство на мобилни уреди за складирање храна и лекови со контролирана температура, засолништа за бегалци и поголеми модуларни згради, како училишта и болници.