Од Петриња потекнуваат месната индустрија „Гавриловиќ“, но и таткото на Бан Јелачиќ
Петриња е мало гратче во централна Хрватска, кое деновиве се бори со разорни, силни земјотреси.
Трошните куќи паѓаат, се ронат… Затрупаа луѓе…
Градоначалникот повикува за помош до сите, луѓето врескаат, немоќни над својата несреќа, останаа без покрив над главата, или без најмилите. Седум жртви се потврдени досега, а можно е да им и други затрупани под урнатините.
Во Петриња, според последниот попис од 2011 година, живеат нешто помалку од 14.000 жители, инаку округот бори 55 населби, со околу 24.700 жители.
Местото под името Петриња се спомнува прв пат во 1201 година, иако се верува дека постоело и пред тоа.
Градот е познат по тоа што уште во 1690 година таму почнала месната индустрија „Гавриловиќ“, позната во регионот, односно во сите поранешни југословенски републики.
Многу познати личности се родени во ова гратче сместено на 48 километри од Загреб, на реката Петрињчица, притока на Купа.
Повеќето од нив се уметници, актери, поети, писатели, академиски сликари и вајари. Но, сепак, можеби најпознато преизме кое излегува од Петриња е Јелачиќ. Имено, таткото на познатиот Бан Јосип Јелачиќ, Фрањо, роден е во Петриња во 1746 година. Бил генерал и подмаршал во австриската царска војска.