Од петок цела недела ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека започнувајќи од петок (27.09.2024 година) до 03.10.2024 година (четврток), ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 27 и 28.09.2024 година (петок и сабота), во раните утрински часови.

Терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 30.09.2024 (понеделник) до 03.10.2024 (четврток), во период од 21.00 до 02.00 часот, наредниот ден.

Терестичната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 27.09.2024 (петок), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.