Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата


Фото: Б.Грданоски

Во недела (29.09.) под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени).
Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Во Скопје, утре ќе се задржи сончево и топло време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со засилен северен ветер.