Од Мршиќ до Тошева: Поп-ап локација во Ист гејт мол посветена на „бавната мода“


На големото отворање со италијански брендови, синоќа, на 28. Моден викенд- Скопје, под мотото  “Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија” , претходеше и официјалниот старт на поп-ап локацијата Ready, Steady, Shop! посветена на “бавната мода”  во Ист гејт мол, како простор за  излагање на македонските модни брендови и можности за нивно вмрежување.

Па така, во центарот на вниманието до крај на март, силно ќе светат дизајнерите и брендовите кои учествуваат, секој придонесувајќи со својот уникатен наратив за оваа голема приказна на 28-то издание на Моден Викенд Скопје.

Од поетските интерпретации на Росица Мршиќ, преку дизајните на Bastet Noir, Ирина Тошева, Crius, Terziya, Радмила Георгиева, Магдалена Таневска и Мирјана Јосифовска до колекцијата „Наследство“ на Еснаф која ја испреплетува македонската традиција со современиот шмек, оваа локација ветува разновиден приказ на стил, иновации и традиција, а целосно посветен на бавната мода.