Од Микиќ до Ристановски: „Бунтовната принцеза“ синхронизирана на македонски јазик


Новиот анимиран филм „Бунтовната принцеза“  (Rebelious), од 17 април е на репертоарот во киното Cineplexx во Скопје .
Филмот претставува ретка можност домашната публика да го доживее светот на
анимацијата на македонски јазик, со синхронизација направена од исклучителна
актерска екипа и во врвен 5.1 звучен формат.
Синхронизацијата е реализирана во студијата Тик Так Аудио и Апофениа Пост, кои
воедно се и носители на правата за локалната дистрибуција.
Главните улоги ги толкуваат:
• Борче Нацев како Ронан
• Миа Кантарџиева како Мина
• Дејан Лилиќ како Кезабаор
• Никола Ристановски како Фин
• Тања Кочовска како Нахина
• Предраг Павловски како Кралот
• Димитрије Доксевски како Рогдаи
• Андреј Лалчевски како Фа-Чан
• Филип Трајковиќ како Кабир
• Александар Микиќ како Бјорн
Кастингот е на Снежана Конеска Руси