Од март до јуни во Србија имало трипати повеќе смртни случаи од Ковид-19 отколку што било официјално соопштено, тврди епидемиолог


Србија – Српскиот епидемиолог Предраг Кон синоќа изјави дека според негово истражување, врз основа на податоците на Градскиот институт за јавно здравје, од март до јуни имало трипати повеќе смртни случаи отколку што е официјално објавено, односно објавено во писмена форма.

Кон за Њузмакс Адрија изјави дека во своето истражување, од март до јуни, открил 210 смртни случаи на кои во потврдата за смртта како непосредна или главна причина за смртта им било напишано – Ковид-19 и дека официјално биле пријавени 118 такви случаи.

– Покрај тоа, најдов 29 смртни случаи во истиот период од вирусна пневмонија и открив вишок смртни случаи од неозначена пневмонија – значи не-бактериски – 102 случаи беа вишок, но не можеме да кажеме дека 102 се од Ковид, но еден значаен број – да, додаде тој.

Кон изјави дека има проблем во информативниот систем, но дека сега податоците за бројот на заразени и починати од последиците на вирусот во Србија се „многу приближни и многу точни“.

Неделникот НИН објави дека во јули, кога Србија се соочувала со нов напад на вирусот биле извршени најмалку 100.000 помалку тестови отколку што покажале официјалните податоци, а бројот на пациенти бил намален.

– За првпат користиме информациски систем. Тој информативен систем не беше доволно прецизен во еден момент, во исто време, и не можам да кажам зошто – некаде кон средината на јуни не беше точен. видов дека постои разлика помеѓу она што ние на ниво на Белград го утврдуваме како случаи, а особено смртни случаи, рече Кон.