Од Лозано до Калиопи – Крива Палaнка со шестдневна новогодишна програма
Крива Паланка и оваа година организира спектакуларна новогодишна програма, додека градот блеска во сјајот на празничната магија.
Од 26 до 31 декември, Градскиот плоштад ќе биде сцена на неверојатни настани кои ќе донесат радост и забава за сите генерации. Цела недела , во пресрет на Новата 2025 година, публиката ќе ужива во музика, претстави, концерти и многу изненадувања. Калиопи, Некст тајм, Слаткар, Сара Мејс, Влатко Лозаноски, Мики Секуловски, Ристо Самариев,Наде Талевска, Пауза за ракија, Камерен оркестар Битола се само дел од гостите, а ќе има и детски претстави, музички фестивали, жонглери, маскоти.
Програмата започнува на 26 декември, со настапот на Некст тајм, кои ќе ја отворат новогодишната сцена. На концертот за првпат во живо ќе биде промовирана и нивната нова песна „Океани“, снимена заедно со Слаткаристика.
Следниот ден, 27 декември, ќе биде посветен на најмладите, кои ќе имаат можност да учествуваат во Новогодишниот базар, заедно со учениците од основните училишта „Св. Јоаким Крчовски“, „Илинден“ и СОУ „Ѓорче Петров“. На програмата е и новогодишната претстава „Снежана и Дедо Мраз“, која ќе ги однесе најмладите во магичниот свет на зимската бајка, а во исто време ќе настапат и солистите од најновото издание на Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“, во придружба на хорот „Симитчиња“.
Вечерта е резервирана за концертот на Влатко Лозаноски и неговите најголемите хитови.
Ден за забава на сите граѓани ќе биде и 28 декември, почнувајќи од најмладите кои преку ден ќе се дружат со ликовите Биби и Боби и музичката ѕвезда Слаткар, додека вечерта на сцената на Градскиот плоштад ќе настапи една од најголемите музички ѕвезди на Македонија – Калиопи, која заедно со кривопаланчани ќе го прослави својот роденден.
Уште една доза возбудувања носи 29 декември со настапите на BADA BOOM , Панто Мето, Ѓурчиновски, ДЏ Боно, Сара Мејс и THE GIRLZZ, додека вечерта настапуваат Камерниот оркестар – Битола, Ристо Самариев и Наде Талевска кои ќе ја дополнат предновогодишната атмосферата со класичната и популарна музика.
Во понеделникот, 30 декември, Градскиот плоштад ќе го исполнат хитовите на енергичниот Мики Секуловски, кој никого нема да ве остави рамнодушен.
Највозбудливото доживување за најмладите, се разбира, ќе биде на 31 декември. Новогодишната забава започнува со жонглерите Панто Мето и Ѓурчиновски. Потоа следува „Пауза за ракија“ и тинејерската ѕвезда Пајак, по што доаѓа најголемата радост за најмладите-спектакуларното пристигнуввање на Дедо Мраз.
И годинава Општина Крива Паланка им приредува уникатно изненадување на дечињата, но се уште не открива на кој начин ќе пристине Дедо Мраз , тоа останува тајна до последниот момент.