Од КОВИД-19 до сега починаа најмалку 1,3 милиони лица, бројот на заразени надмина 54 милиони


Корона вирусот однесе животи на најмалку 1.313.471 лице ширум светот од почетокот на пандемијата во Кина во декември 2019 година, според податоци на националните влади и Светската здравствена организација.

Потврдени се најмалку 54.001.750 случаи. Од нив, најмалку 34.599.700 се опоравени.

Тие податоци веројатно одразуваат дел од сите случаи, бидејќи има многу непотврдени. Многу земји тестираат само луѓе со симптоми или посериозни случаи.

Вчера, 9.246 мртви и 607.998 заразени беа регистрирани ширум светот. САД потврдија 1.351 смртни случаи во последните 24 часа, Бразил 921 и Мексико 635.

САД се најпогодена земја во светот со 245.614 смртни случаи и 10.905.598 заразени. Најмалку 4.148.444 се опоравиле во САД.

Втора најпогодена земја по САД е Бразил, со 165.658 смртни случаи од 5.848.959 случаи. Потоа, Индија со 129.635 смртни случаи од 8.814.579 случаи, Мексико со 98.259 смртни случаи од 1.003.253 заразени и во Велика Британија 51.766 смртни случаи од 1.344.356 заразени.

Земјата со највисока стапка на смртност по глава на жител е Белгија – 123 смртни случаи на 100 000. Потоа Перу (107 смртни случаи), Шпанија (87 смртни случаи) и Аргентина (78 смртни случаи).

Во Кина, со исклучок на Хонг Конг и Макао, има 86.338 случаи, вклучително и 4.634 смртни случаи и 81.319 закрепнувања.

Во Јужна Америка и Карибите има вкупно 423.176 смртни случаи од 12.023.640 случаи, во Европа 334.968 смртни случаи од 14.432.068 заразени, а во САД и Канада 256.487 смртни случаи од 11.195.957 случаи.

Има 181.799 смртни случаи од 11.440.026 случаи во Азија, 68.991 смртни случаи од 2.913.735 инфекции на Блискиот исток, 47.109 смртни случаи од 1.966.317 случаи во Африка и 941 смртни случаи од 30.008 случаи во Океанија.