Од коронавирус почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денес на 65 години по компликации од ковид-19, потврдуваат негови колеги за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Тодоровски-Упа беше актер и кастинг директор, еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски.
„Бавењето со глума го доживува како фрлање зрак светлина во туѓите животи“, се вели во неговата биографија во Кинотеката.
Неговата последна улога е во филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски, а играше и во филмовите: „Ругање со Христос“, „Џган“, „Јазол“, „Одмазда“ и „Пред дождот“.