Од Карахантепе во Турција дојде најголемото откритие на неолитското доба: Првиот тридимензионален наратив
Турција посветува многу енергија во презентација на својата понуда пред потенцијалните туристи, не само во делот на песочните плажи и луксузни сместувачки капацитети, туку и за нејзините археолошки откритија

Атрактивно археолошко откритие доаѓа од Карахантепе од Турција, локалитет кој се издвојува како еден од најстарите неолитски наоѓалишта во светот, стар 12.000 години, а се наоѓа и на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Имено, на таа локација е откриен најстариот тридимензионален митолошки приказ восветот. Археолозите таму пронашле запечатени предмети во чии прегради се наоѓаат камени садови и плочи наредени едни врз други, заедно со мали животински фигурини изработени од камен, камени стапови и мониста. Сето тоа било исполнето со црвена стерилна земја и запечатено, а внатре намерно биле поставени и разни животински коски,од волк, леопард, мршојадец и лисица. Овие животински видови се често застапени во неолитската иконографија, нообично во големи, речиси животни големини. Мали фигурини се ретки и најчесто се пронаоѓаат расфрлани во измешен инаслаги. Затоа, ова откритие, прво вакво пронајдено на лице место, се смета за исклучително. Она што овие наоди ги прави тридимензионален наратив е нивната намерна поставеност во одреден редослед. И внатрешниот распоред во малиот сад и сместувањето на садот во поголем, се внимателно подготвена тридимензионална композиција.
Во населбите на Таџ Тепелер, археолозите досега среќавале реалистични и стилизирани прикази, но ова е првпат група тридимензионални предмети да бидат намерно подредени за да пренесат силен симболички наратив. Затоа оваа група наоди може да се опише како едно од најважните откритија на своето време за разбирањето на неолитската епоха.
Како дел од проектот „Наследство за иднината“, во регионот на Таџ Тепелер постојано се откриваат нови наоди, кои се јадро на најраните населби во светот. Благодарение на ваквите откритија, најпривлечниот дел од регионот, Гобеклитепе,во 2024 година го посетиле 709.643 посетители. Сепак, многумина се одлучуваат да го посетат и Карахантепе, од каде најновите наоди се претставени на изложбата „Златната ера на археологијата“ во Изложбената сала на Претседателскиот комплекс во Анкара, заедно со бројни други ископани и вратени артефакти.
Она што е факт, е дека Турција посветува многу енергија во презентација на својата понуда пред потенцијалните туристи, не само во делот на песочните плажи и луксузни сместувачки капацитети, туку и за нејзините археолошки откритија, а социјалните мрежи се наметнуваат како еден од моделите кој сѐ повеќе го практикуваат. Официјалниот туристички портал GoTürkiye го зголеми бројот на своите следбеници на 20,8 милиони граѓани во светот. На пример, на YouTube каналот на GoTürkiye се нудат продукции што ги приближуваат дестинациите и искуствата на таа земја до глобалната публика, комбинирајќи кинематографски визуелни прикази со привлечни стории.
Во првите шест месеци од 2025 година бројот на прегледи достигна 763 милиони, што е раст од 55%, а интеракциите се зголемија за 123%, од 54,9 милиони на 122,6 милиони.Платформата изгради одржлива мрежа, а со поддршка од податоци и дигитални стратегии на Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Туркција (TGA), GoTürkiyeи се трансформира во културен амбасадор на Турција во дигиталниот свет.