Од денеска Македонците можат во Бугарија со негативен ПЦР тест


Од денеска, граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен ПЦР тест, направен во последните 72 часа, соопшти министерство за здравство на Бугарија.

ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија, земји од шенген, како и од Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. Тие не подлежат и на 14-дневен карантин.