Од четврток дожд и ветар
Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.
Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, која на некои места ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен.
Ќе дува засилен северен ветар кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Минималните ќе бидат од три до 12, а максималните дневни до 25 степени.