Од Бугарија пристигнаа Ник Кејв и Колин Гринвуд, а од Грција пијаното: Скопје е спремно за легендарниот концерт на Стадионот на АРМ


По Боб Дилан, ова е концерт за кој најмногу сум се борел да го реализирам, изјави сопственикот на „Авалон“, Бобан Милошевски, на пресот на скопје, замислен како мала трибина, пред настапот на Кејв во Скопје.
Ник Кејв, е еден од најголемите артисти на 20. и 21. век, на ниво на Боб Дилан и во Македонија доаѓа по сите поминати фази од кариерата.
„Иако е зад клавир, Ник Кејв физички се вложува себеси на овие концерти како да е со цел бенд и ја вика публиката да се доближи до бината. 99% од концертите на оваа турнеја се со седење, ама ние немавме соодветна сала за тоа. Тие дојдоа, го видоа просторот и рекоа дека на Ник повеќе ќе му се допадне вака со стоење. Од нивна страна нема никакви попуштања околу организацијата. Звук, светло, бина се исти во Париз, Лондон и Њујорк како во Скопје“, рече Милошевски.