Од 22 министри во австралиската влада, 10 се жени


Заклетва синоќа во Канбера положи владата на новиот премиер Ентони Албанезе, во која има десет жени од 22-те министерски позиции, што ја чини родово најбалансирана влада во историјата на Австралија.

Две од најважните министерства сега ги предводат жени. Пени Вонг е новиот државен министер, додека Клер О’Нил стана министерка за внатрешни работи.

Ричард Марлс, кој ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Лабуристичката партија од 2019 година, сега има двојна функција – вицепремиер и министер за одбрана.

Албанезе кој е со италијански корени на Твитер објави дека е „горд“ на неговата Влада што ја сочинува „искусен, разновиден и енергичен тим“, додека Вонг рече дека е „горда на новите лабуристи кои ја одржуваат партијата во чекор со модерната Австралија“.

Лабуристите извојуваа убедлива победа на австралиските избори одржани на 21 мај и се вратија на власт за првпат по речиси една деценија, поразувајќи ја конзервативната коалиција предводена од поранешниот премиер Скот Морисон.