Обвинителството во Париз побарало кривично судење против Депардје за силување
Париз – Обвинителството во Париз побарало кривично судење против Жерар Депардје за силувањето на актерката Шарлот Арно, соопштил извор близок до обвинителството.
Актерот (75) беше обвинет на 16 декември 2020 година, по жалба на актерката за две силувања во август 2018 година во неговиот дом во Париз. Арно тогаш имала 24 години.
Сега останува на истражниот судија да одлучи за барањето на обвинителството.
Депардје, кој е обвинет за сексуално насилство и од други жени, ги оспорува обвинувањата. Нему во октомври ќе му се суди пред парискиот кривичен суд за сексуален напад на две жени за време на снимање на филм во 2021 година.