Обвинителот Коцевски: Наводите за мешање во предмет се лажни
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрли наводните неосновани тврдења за мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.
„Од позиција на државен јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години, да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам. Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи“, вели Коцевски во реакцијата.
Тој најавува дека сите сознанија до кои ќе дојде по извршената контрола ќе ги објави веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.
„До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда“, стои во демантот на Коцевски.
Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предмет поврзан со политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
Коцевски, наводно минатиот месец му рекол да внимава каква одлука ќе се донесе за предметот со бонусите на СЈО бидејќи партијата ВМРО-ДПМНЕ која поднесе жалба за одлуката на обвинителството раководено од Ислам Абази, не била оштетена странка… Ваквите наводи како апсолутно невистинити категорично ги отфрли Коцевски во писмен одговор за Канал 5 испратен преку прес службата, а дали случајот ќе има инситуционална разрешница ќе се знае по консултациите што ги најавија од Советот на Јавни обвинители..
Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предметот и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај. Харулахи како што вели му одговорил на Коцевски дека тој ниту сака ниту има надлежност да се меша во работата на предметниот обвинител Јован Цветановски.
„Неколку дена откако стигна предметот по жалба од страна на ОЈО ГОКК, Коцевски телефонски ми се јави и во разговорот што го имав со него во кабинетот ми рече дека треба да бидеме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не треба да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени. Јас на тоа одговорив дека предметот е во фаза на јавниот обвинител кој е задолежн со тој предмет и по проучувањето ќе биде рефериран кај мен и ќе видиме кој е ставот на обивнителкот“, рече Хајрулахи.