Обвинение против четворица за организaција на „крвавиот четврток“
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за организаторите на „крвавиот четврток“, дознава „Независен“ од неофицијални извори.
Според првичните информации, обвинение е поднесено против четири лица, а за поранешниот премиер Никола Груевски кој е азилант во Будимпешта и за поранешниот разузнавач Никола Бошковски кој е во бегство постапката е запрена до нивно пронаоѓање.
За организирање на „крвавиот четврток“ истрага се водеше против шест лица, против Груевски, Бошкоски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.(Ф.Ф.С.)