Објавени најдобрите архитектонски достигнувања во светот


Светскиот фестивал на архитектура (WAF) го претстави својот престижен потесен избор на најдобри нови згради и дизајни од целиот свет.Оваа листа опфаќа комерцијални, станбени и културни проекти, вклучително и огромниот изложбен центар на кинеската култура на отворено во Ланжу (насловната фотографија). Во кинескиот приморски град Саниа, во меѓувреме, разубавениот парк Мангрова е обновен по три децении загадување и развој.

Во оддалечените швајцарски планини Јура, чудна зелена спирала се издига од пејзажот, сместувајќи го новиот музеј на луксузниот производител на часовници Аудемарс Пиге. Покрај брегот на Иран, на островот Хормуз, се изградени шарени туристички резиденции со куполи со цел да ги поврзат посетителите со локалната заедница.

На листата се најде и триаголната структура над базен со вода во истиот кинески град Саниа, а „печурките“ го чекаат отворањето на Еxpo во Дубаи кое беше одложено поради короната. На листата е и музеј во Мексико дизајниран така да обезбедува микроклима во внатрешноста. 

По откажаните минатогодишните награди  заради пандемијата на коронавирусите, оваа година во потесниот избор се појавуваат архитектонски проекти завршени на глобално ниво од 2019 до 2021 година.Музејот Лијанг на CROX во Чангжу, Кина, го имитира околниот терен, а Нордиската опсерваторија во Нанџинг ја имитира кинеската архитектура.