Објавени добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


 

Иван Антоновски и Делвина Крлуку се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката. Атанас Костовски и Љупчо Јолевски се добитници на оваа награда за остварувања во областа на новинарството.

Како што информира Министерството за култура и туризам, одлуките ги донел Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, на седницата одржана на 15 ноември 2024 година.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2024 година во 10,30 часот, во свечената сала на Собранието на Македонија.