Објавена ранг-листа на воено најмоќните земји во светот: Македонија на 112-то место


Американскиот сајт „Глобал фајерпауер“, специјализиран за анализа на воените капацитети на државите, го објави новогодишното рангирање на најсилните воени сили во 2025 година. На таа листа, Македонија е позиционирана на 112-то место од 145 рангирани армии.

Индексот на глобална фајерпауер не го мери само бројот на тенкови, авиони или војници. Рангирањето се базира на повеќе од 60 индикатори, вклучувајќи го воениот буџет, бројот на активни и резервни војници, логистичките капацитети, бројот и разновидноста на оружје, инфраструктурата, достапноста на природни ресурси, како и геостратешката положба на земјата.

Се зема предвид и технолошкото ниво, што значи дека земјите со пософистицирани системи за команда и контрола, напредни беспилотни летала и сајбер капацитети имаат значителна предност.

Кога станува збор за земјите од регионот, Романија е рангирана на 51. место, а Унгарија на 55., што е полош резултат во однос на минатата година. Бугарија останува на 62. позиција.

Веднаш зад неа се наоѓа Србија на 63. место, што претставува значителен пад во однос на 2024 година, кога беше на 56. позиција.

Хрватска забележа најголем негативен пад во регионот – од 66. на 74. место, односно за девет позиции.

Спротивно на тоа, Албанија оствари голем напредок, искачувајќи се од 90. на 78. место.

Словенија е на 96. позиција, Северна Македонија на 112., Црна Гора на 127., додека Босна и Херцеговина е на 132. место. Косово е при самиот крај на листата – на 141. позиција од вкупно 145 анализирани земји.

Десетте земји на врвот според индексот за 2025 година во однос на воената сила се САД, Русија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство, Франција, Јапонија, Турција и Италија.