Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај

Базел – На официјалниот евровизиски „Јутјуб“ – канал објавен е редоследот на настапите на земјите – учеснички на големиот музички натпревар што ќе се одржи во Базел, Швајцарија.
Првото полуфинале на 13 мај ќе го отвори Исланд, а ќе го затвори Кипар.
Второто полуфинале на 15 мај ќе го отвори Австралија, а ќе заврши со настапот на Финска.
На 69. издание на „Евровизија“ во Базел ќе учествуваат 37 држави. Големото финале ќе се одржи на 17 мај.
Според обложувалниците на интернет, најголеми шанси за победа имаат претставниците на Шведска и Австрија. Македонија трета година по ред не учествува на Евросонг од финансиски причини.