Објавен распоредот и препораките за денешните протести во Белград

Студентите најавија и план за денешниот протест за кој велат дека ќе биде најголем досега.
Првото собирање започнува во 10 часот кај Градската општина Нов Белград, а потоа во 11,30 часот кај кружниот тек кај Автокоманда. Во 13 часот студентите треба да се соберат на Плоштадот на Републиката и кај споменикот Вук. Митинзите таму ќе траат до 16 часот.
Во средата вечерта на официјалните профили на студентите во блокадата беше објавено промотивно видео со порака „Следна станица: Народно собрание“, но не беше наведено дека тоа ќе биде централната локација.
Студентите објавија и детален водич за денешниот протест, од што да се облече до информации за непожелни апликации.
Студентите советуваат сите кои планираат да дојдат на протестот да носат, ако е можно, обична облека без симболи, удобни чевли, термички ракавици за заштита од топлина и заштита за очи и маска.
Се препорачува и девојките да ја врзат косата. Се препорачува, според советите на студентите и лекарите, девојките да не носат накит тој ден.
Студентските организатори советуваат да се донесат неколку основни работи на протестот. Тоа се вода, грицки, лични карти, ситни пари, транспаренти и свирчиња. Што се однесува до грицките, лекарите советуваат да бидат лесна храна, малку овошје, енергетски чоколатца… А што се однесува до банери, нека бидат што покреативни. Тие препорачуваат да бидат исклучени сите апликации што ја следат локацијата. Тие наведуваат дека wi-fi (интернет) е бесплатен. Како? Поради големиот број луѓе, интернетот беше речиси оневозможен, поради што ИТ блокадата ги повика сите белграѓани тој ден да ја тргнат лозинката за Wi-Fi, за секој што ќе дојде во градот да има бесплатен интернет на сите локации.
Основното правило е да се дојде пеш, никако со автомобил. Исто така, да не се носат домашни миленици или деца, поради големиот метеж и можна опасност, велат тие.