Објавен е нов јавен повик за ископ на јаглен во РЕК Битола


Повторениот јавен повик за ископ на јаглен во РЕК Битола е објавен на 28 јануари годинава и веќе течат роковите за поднесување на понуди, информира денеска генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев.

-Повторно се работи за отворен повик со скратен рокови од 20 дена. Очекуваме по истекот на 20. дена да видиме кој се има поднесено понуди и да извршиме евалуација на новиот економски оператори, рече Узунчев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата по потпишувањето договор со КфВ банката.

Во моментов, како што кажа, согласно претходно спроведена постапка привремен економски оператор е „Топлина“ од Подмоље, кој единствено врши ископ јаглен во рудникот Брод Гнеотино.