Обама: Мишел ќе се разведе од мене ако бидам во новата администрација
Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави денеска дека не би прифатил место во администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој беше негов потпретседател.
Тој во интервју за Си Би Ес, одговарајќи на прашањето како ќе му помогне на Бајден откако ќе ја преземе функцијата во јануари, Обама одговори дека на Бајден не му се потребни неговите совети.
– Ќе му помогнам на секаков можен начин. Не планирам одеднаш да почнам да работам како член на кабинетот на Белата куќа или нешто слично, истакна Обама.
На прашањето дали размислува за функција во новата администрација, Обама изјави дека некои работи никогаш не би ги направил бидејќи неговата сопруга Мишел веднаш ќе се разведе од него.