Нуредини: Заштита на биолошката разновидност е можна само со добро воспоставена глобална рамка и механизми за соработка


Ја препознаваме регионалната соработка како важен елемент во ефективното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност по 2020 година и нејзиното следење и известување на регионално ниво. Особено сум горд сум што ја зголемивме покриеноста на заштитените подрачја за 5 отсто во изминатиот период, паралелно со преземањето значителни напори за подобрување на нивната ефикасност во управувањето и финансиската одржливост, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање на пленарната 15-та Конференција на Страните кон Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD COP 15) на високо ниво со наслов „Еколошка цивилизација – Градење заедничка иднина за целиот живот на Земјата“ во Монтреал, Канада.

Тој информира дека новопрогласените заштитени подрачја го вклучуваат Националниот парк Шар Планина, едно од најважните прекугранични локации во регионот.

-Иако е мала земја, Северна Македонија е домаќин на значителен дел од биолошката разновидност. Содржи повеќе од 70 проценти од сите растителни видови пронајдени на Балканот што го прави главно складиште на растителна разновидност во Европа, рече министерот.

Според Нуредини, заштитата на биодиверзитетот е еден од клучните столбови на Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан, а Северна Македонија го следи примерот на ЕУ и соработува со соседните земји за да се забрза агендата за закрепнување до 2030 година со придобивки за луѓето, климата и планетата.

-Работната група за биодиверзитет за Југоисточна Европа во рамките на Регионалната работна група за животна средина е постоечки механизам за регионална соработка за зачувување на биодиверзитетот, чија улога и важност ќе пораснат само со усвојувањето на амбициозната глобална рамка за биодиверзитет по 2020 година, нагласи тој.

Министерот Нуредини посочи дека COP15 ги дефинира националните активности кои влијаат на природата во следните 10 години и понатаму. Вклучува амбициозни, но остварливи цели за запирање и враќање на загубата на биодиверзитетот, меѓу кои е зајакнување на климатските активности, изградба на одржливи градови, зајакнување на јавното планирање и пренасочување на финансискиот тек за да се поддржат сите овие активности.

-За да се постигнат овие цели, сите земји треба да преземат итни активности и веднаш да ги ажурираат своите национални стратегии и акциони планови за биодиверзитет како би се усогласиле со рамката за до 2030 година. Со оглед на важноста на здравата природа за луѓето и планетата, итно треба да ги зголемиме инвестициите за зачувување и да ги забрзаме напорите за заштита, управување, обновување и помудро користење на природата. Треба да научиме да живееме во хармонија со природата и тоа треба да го правиме сега, појасни Нуредини.

Конференција на Страните кон Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD COP 15) се одржува со цел да им овозможи на министрите од сите земји учесници во заедничко ангажирање и поддршка на последните фази од преговорите за глобалната рамка за биодиверзитет по 2020 година, се со цел усвојување на ефективна глобална рамка според која ќе се планираат и имплементираат активностите и во нашата земја.