НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата


Фото: Б. Грданоски

На 23 април во 13 часот Националната и универзитетска библиотеката
„Св. Климент Охридски“ – Скопје  и оваа година традициoнално го
одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право кој е прогласен
од Унеско во 1995 година.

 

Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како
симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е
поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де
Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот
каталонски обичај да се подари книга и роза.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на
активностите низ државата.
Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Славица Велева а на
одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле,
генерален директор на УНЕСКО.
Поддршка и оваа година имавме од Шпанската амбасада во Скопје.