НУ Стоби годинава ќе реализира 17 проекти вредни над 10 милиони денари

Програмата на Националната установа Стоби за 2021 година опфаќа 17 проекти од кои 11 директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, три проекти во областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство, еден проект во областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, еден проект во областа на инвестициското и тековно оддржување на објектите и опремата во државна сопственост од областа на културата и еден проект во областа на меѓународната дејност. Сите тие ќе бидат финансирани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2021 година во вредност од 10 милиони 6 илјади 700 денари, информира за МИА директорот на оваа национална установа Спасе Перовски.
Споредено со лани кога добиле 9 милиони 185 илјади 963 денари годинава НУ Стоби добила повеќе за 820 илјади 737 денари. Овие средства се наменети за следните проекти – Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживописот и гробницата на јужниот брод на Епископската базилика Заштитни истражувања во Теодосијанска палата – Просторија 2, со цел презентација на мозаикот од истата просторија (враќање на веќе конзервираниот мозаик на малтерна подлога), Изработка на Основен проект за конзервација, реставрација и презентација на античката синагога од Стоби, Доистражување и конзервација на римскиот мозаик од источната страна на внатрешниот бедем на Стоби, Конзервација и реставрација на сегмент од јужниот градски бедем и римската порта во Стоби Археолошки истражувања на просторот предвиден за паркинг на посетителите на Стоби, Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби.
Ќе се работи и на проект за доистражување и изработка на Основен проект за кoнзервација на објекти од резиденцијален и комерцијален кварт на рановизантиско Стоби, какои конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на Градбата со арки во Стоби.
-И покрај моменталната кризна состојба во нашата земја, ние сме задоволни со подршката која ни ја дава Министерството за култура и ни овозможува да продолжиме со истражувањата и конзервацијата на културното наследство со кое располага Археолошкиот локалитет Стоби, потенцира Перовски.
-Сето ова беше со една единствена цел – Заштита од корона вирусот, како за нас вработените во НУ Стоби, така и за нашите партнери и посетители.Останатите планирани проекти поради пандемијата започнаа со мало задоцнување од три месеци, но и покрај тоа беа реализирани во целост. НУ Стоби ниту во време на кризата поради вирусот не престана со активности за популаризација и презентација на нашето културно наследство, појаснува Перовски.
Тој потенцира и дека Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби е една од многуте установи погодена од кризната состојба настаната поради Ковид-19.