НУ Камерен Оркестар на Битола доби поддршка за само четири проекти во 2025


НУ Камерен Оркестар на Битола ги почна подготовките за претстојната музичка сезона со нови кадри и дополнителни вработувања.

Во соопштение до јавноста од НУ Камерен Оркестар информираат дека се соочени со недостиг од основни ресурси за функционирање.

-Немаме простор за проби, а и финансиските средства се далеку од потребните за непречено одвивање на активностите. Министерството за култура оваа година одобри само четири проекти, што е речиси десет пати помалку во споредба со колегите од Скопје. За жал, поради овие ограничувања, за останатите наши планирани настани и проекти во 2025 година ќе мора да се потпреме на сопствени средства, преку продажба на влезници и привлекување на спонзорства, изјави ВД директорот на оркестарот, Дејан Цветковски.

НУ Камерен Оркестар на Битола, повеќе од десет години успешно функционира, а од 2024 година доби статус на национална установа.

-Соочувањето со проблемите со простор и финансии предизвикаа отежнато планирање на концерти, што дополнително го комплицира функционирање на оркестарот, но се надеваме дека за овие проблеми Министерство за култура и туризам ќе има слух и со нивна поддршка, како што е поддршката која што ја даваат на националните установи од овој вид ќе може успешно да ги реализира своите амбициозни планови за годината, информираа од НУ Камерен оркестар на Битола.